Ретро & винтиџ шоп – антички предмети, електроника и повеќе

SLAVA механички будилник – 11 Jewels, NOS со оригинална кутија и сметка од 1988г.
Слава ретро механички саат часовник
MKD7999.00
SLAVA механички будилник – 11 Jewels, NOS (со оригинална кутија и сметка)
Исклучително убав и редок SLAVA механички будилник со 11 Jewels, автентичен винтиџ примерок од советското часовничарство. Ова е NOS (New Old Stock) – нов, некористен, сочуван во оригинална кутија, со оригинална сметка/фактура од времето на купување(1988година) што е вистинска реткост и голем плус за колекционерите.
Будилникот е потполно тестиран и исправен, со прецизно работење и јасен механички аларм. Класичниот дизајн, квалитетната изработка и 11-те рубински лежишта (Jewels) ја потврдуваат репутацијата на брендот SLAVA како еден од најпознатите производители на механички часовници од СССР.
Совршен е како колекционерско парче, но и како функционален винтиџ будилник или декоративен елемент со автентична историја. Комбинацијата од NOS состојба, оригинално пакување и документи го прави овој примерок навистина посебен.
Напомена: Сите детали за состојбата и функционалноста се покажуваат преку слики и опис ИСПРАВНОСТ= ТЕСТИРАН ИСПРАВЕН (НОВ) ТОЧЕН !

